Здрав појадок – Авокадо со јајце

Зошто авокадо за појадок?




Авокадото е богато со мононезаситени масти, растителни влакна, витамини (А, Е и К) и многу минерали (железо, бакар, магнезиум и манган). Во авокадото исто така се наоѓа и голема концентрација на танини кои се познати по своите антивоспалителни, антиоксидантни и антиулкусни својства. Во мала концентрација се наоѓаат и флавоноиди кои спаѓаат во групата на полифенолни антиоксиданси кои штитат од слободните радикали. Авокадо е и многу добар извор на калиум важен за регулација на работата на срцето и одржување на нормални вредности на крвениот притисок.
Јајцата од друга страна содржат многу малку калории и се одличен извор на протеини, витамини, минерали и здрви масти.




Комбинацијата од авокадо и јајце е калорична, но не содржи јаглехидрати и е одлична доколку сакате да се придржувате кон кето начинот на исхрана кој гарантира сигурно слабеење. Повеќе за кето исхраната прочитајте тука.
Овој појадок содржи од 250-300 калории во зависност од големината на авокадото и јајцето. Здравите масти ќе ве одржат сити подолго време и нема да предизвикаат нагло покачување на инсулинот, a тоа ќе ви помогне доколку имате чести напади на глад и потреба постојано да грицкате.




Потребни состојки:
1/ 2 авокадо
1 јајце
1 домат




малку сол и црн бибер.
Начин на подготовка:
Пресечете го авокадото на половина и извадете му ја семката. Во дупчете кај што беше семката скршете го и ставете го јајцето. Доколку семката е мала и дупчето е помало извадете со лажица малку од авокадото. Одозгора посолете со сол и малку црн бибер.




Авокадото заедно со јајцето ставете го во некој сад за да биде стабилно и ставете го во рерна на 180°С да се пече околу 20-тина минути.
Комбинирајте го овој здрав кето појадок со свеж домат.
На здравје