Зеленчук поради кој организмот ќе ви биде благодарен

Карфиолот е една од намирниците кои се многу корисни за здравјето. Во 100 гр. сиров карфиол доминира вода (92,07 грама), а исто толку во овој зеленчук има 1,92 грама протеини, 57 милиграми фолна киселина, 4,97 грама јаглени хидрати, два грама влакна и 1,91 грама шеќер, пишува „Healthstories“. Богат е и со фитохемикалии и антиоксиданси, природни соединенија за кои се верува дека играат значајна улога во превенцијата од хронични болести. Доколку не сте љубител на карфиолот, можеби откривањето колку овој зеленчук е добар за здравјето би можело да ве натера да го вклучите во вашата исхрана.

Го регулира крвниот притисок
Поради високата содржина на влакна, карфиолот може да биде корисен за намалување на холестеролот и покачениот крвен притисок.

Има антиинфламаторни својства
Почестата консумација на карфиол има корисен ефект врз нашиот имунолошки систем и може да го намали воспалението.

Придонесува за правилно функционирање на срцето
Антивоспалителниот ефект на карфиолот делува како штит против кардиоваскуларни болести, дијабетес и дебелина.

Одличен сојузник е во слабеењето
Карфиолот не е случајно вклучен во многу режими на исхрана. Покрај тоа што има малку калории и масти, придонесува за правилно функционирање на гастроинтестиналниот тракт. Многу нутриционисти ќе препорачаат ориз од карфиол наместо класичен варен ориз најмалку двапати неделно.

Го чува здравјето на желудникот и цревата
Зеленчукот и овошјето се препорака на сите здравствени работници за превенција од најтешките болести. Карфиолот често се препорачува како намирница која благотворно делува на здравјето на желудникот и цревата, кои често се погодени од малигни заболувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *