Зелка на поинаков начин

??????????????

Ако сакате да додадете во исхраната нешто свежо, хранливо и многу вкусно, Gotvi.mk ви ја препорачува оваа манџа од свежа зелка. Еве како да ја приготвите.

СОСТОЈКИ:
1 кг зелка
1 кромид
1 блага пиперка

1 доматно пире или домат
2 моркова
1 лимон
100 мл масло за готвење

црвен пипер
магдонос
зачини

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Зелката ја сецкаме ситно. Поголемиот дел од зелката го ставаме во тенџере за варење.
Го рендаме кромидот и го додаваме во тенџерето заедно со доматното пире или ренданите домати.
Ја додаваме и пиперката која претходно е ситно исецкана, како и морковите исецкани на тенки тркалца.
Лимонот исцедете го и додадете го неговиот сок во тенџерето.

Го додаваме црвениот пипер и зачинуваме по вкус. Прелеваме со маслото и 400 мл млака вода.
Ставете да се вари на средна температура помеѓу 20 и 45 минути во зависност од зелката.
По потреба, доколку изврие, можете да додадете уште млака вода.
Пред да биде готова зелката, додадете магдонос.
Една тајна: згответе ја зелката од вечер и така ќе готвите на евтина струја, а ќе имате уште посочен ручек следниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *