Златно млеко: Лечи настинки, помага во детоксикација а се приготвува само со 4 состојки

Куркумата е многу популарен зачин веќе неколку години, не само поради неговата широка примена во готвењето, туку и поради бројните здравствени придобивки.




Познато е дека куркумата поволно делува на целиот организам, и дека е една од најсилните природни антиинфламаторни состојки. Има и антиоксидантни својства, позитивно делува на намалување на отокот, ги елиминира симптомите на депресија, ги подмладува и обновува мозочните клетки, помага при Алцхајмерова болест, деменција, оштетување на мозочното ткиво и го забрзува закрепнувањето по мозочен удар…




Покрај тоа што се додава половина до една цела лажичка куркума во различни специјалитети, често се користи во комбинација со други зачини и храна.




Една од најпопуларните мешавини секако е таканареченото ‘златно млеко’ кое ветува заштита од настинки, брза детоксикација на организмот, но е и одличен помошник при слабеење. Имено, овој пијалок спречува напади на глад и го поттикнува варењето, поради што луѓето веруваат дека е одличен сојузник во диетите, пишува „ Србија Данас “.




Златното млеко се подготвува брзо и лесно. Потребни состојки:
Потребни состојки:




1 шолја млеко
½ лажичка куркума во прав
1-3 зрна бибер 1 мелена капсула кардамон
Подготовка: Во тенџерето истурете го млекото, додадете ги сечканите зрна бибер и кардамонот. Потоа додадете ја куркумата и мешајте додека смесата не добие златна боја. Загрејте ја смесата на средна топлина додека не почне да врие. Потоа вака подготвениот напиток процедете го во шолја, а пред да го испиете оставете го да се излади. По желба додадете една лажичка мед.