Знаци што укажваат дека е време за промени

Вашиот живот е монотон во последно време… Честопати се чувствувате како да сакате да се откажете од сè, да кренете раце и да се помирите со нештата. Всушност, постојат големи шанси да сте блиску до промената што ви е потребна. Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа…
Се чувствувате изгубено
Сметате дека вашиот живот нема смисла. Се обидувате да го пронајдете својот пат, но не ви е јасно каде одите и кој е вашиот следен чекор. Се чувствувате како да пропаѓате, како на пример да скокате од авион, а не знаете дали ќе ви се отвори падобранот. Тоа е знак дека сепак се движите напред.




Долго време сте сами и сè ви е здодевно
Поминавте многу време со себе, разбирајќи ги своите потреби, слаби и силни страни, откривајќи и прифаќајќи ги сопствените чувства. Долго време сте сами, па затоа сега се чувствувате подготвени да се отворите кон другите и да започнете да градите здрави врски.




Прифативте нов предизвик, но не успеавте да го спроведете докрај
Неодамна се соочивте со неуспех, ама не се обидовте да се утешите самите себеси поради тоа. Сепак, не ни ви треба утеха. Доволен е фактот дека се осмеливте да го прифатите предизвикот.
Разочарани сте од себе
Се сакате себеси, но понекогаш знаете и да се разочарате од себе, а тоа значи дека не сакате да се гледате себеси како жртва. Ги препознавате начините на кои би можеле да бидете подобри и сфаќате дека можностите за промена лежат во вас, а не надвор од вас. На чекор сте да преземете акција кон откривање на тие можности.




Не ве усреќува она што сте го реализирале
Имате прекрасен/на партнер/ка, ја работите работата од вашите соништа, а сепак не се чувствувате исполнето. Се наоѓате во период од животот кога сфаќате дека чувството на исполнетост е резултат на низа произволности. Вие знаете што е навистина важно во вашиот живот. Незадоволството што го чувствувате е можност да почнете да посветувате повеќе внимание на она што ви значи.




Неуморно работите на нешто што (сè уште) не се исплаќа
Се вклучивте во проект што сè уште не води никаде. Сепак, фактот дека напорно работите кажува многу – свесни сте дека успехот не доаѓа преку ноќ и упорни сте во ситуација кога некој лесно би се откажал. Само така продолжете.