Излечете ги синусите за само пет дена, а тоа ќе биде доволно за да се ослободите и од мигрената

Терапијата трае пет дена, а ќе ви биде доволно да се ослободите од непријатните главоболки и да го излечите синузитисот.




Со доаѓањето на постудените денови, многумина се поподложни на воспаление, вклучувајќи воспаление на синусите придружено со силна болка. Синузитисот е проследен со главоболка или напнатост на врвот на носот, над веѓите или образите, а за многу луѓе со такви болки класичните аналгетици не помагаат. Наместо неефикасно труење со вакви препарати, обидете се да посегнете по природно решение.




Ренот е одличен сојузник во борбата против синузитис. Изрендајте го, ставете го во тегла и покријте го со вински оцет, па цврсто затворете го. Чувајте ја смесата десет дена на собна температура со повремено мешање.




По десет дена, неколку пати на ден отворете ја теглата и длабоко вдишувајте го мирисот на рен пет минути. Навечер истурете ја истата течност на марама и врзете ја преку челото или ставете ја на задниот дел од главата. Терапијата трае пет дена, а токму толку ќе биде доволно за да се ослободите од непријатните главоболки.




Едно од решенијата е да се изренда 50 грама рен, да се стави во пет децилитри вода и да се вари. Споменатата смеса искористете ја за варење на пареа (поставете ја главата преку садот, покријте се со крпа и дишете длабоко неколку минути).