Имате големи менструални болки? Имаме решение, веќе не мора да ги пиете таблетите

Природен начин да ги забрзате менструалните болки.
Доколку патите од болните менструални циклуси секој месец и имате симптоми кои вклучуваат јаки болки во пределот на стомакот и градите.




Ова се некои од природните лекови за намалување на болките во текот на циклусот.
големувајте во внесот на калциум, магнезиум и витамин Д




Калциумот, како и витаминот Д помагаат кај опуштањето на мускулите поради што се делотворни и кај менструалните грчеви.
Во последните две недели од менструалниот циклус нивото на магнезиум во телот на жената многу опаѓа што може да предизвика собирање на вода во телото, грчеви, главоболка и ниска толеранција на болката.
Топли облоги
Ако почувсвувате болка, загрејте шише со топла вода, легнете на грб и опуштете ги мускулите. Шишето ставете го на долниот дел од стомакот, тој ќе ги опушти мускулите и ќе ги намали болките.




Долг сон
Во текот на првите денови од менструацијата, многумина од жените се чувствуваат уморно од вообичаено. Во тие денови послушајте го телото и отспијте попладне или лежете во кревет порано. Сонот ќе ви го опушти телото и ќе ви ја намали болката.
Јадете ја оваа храна




За менструалните болки важно е да јадете храна богата со калциум како млеко или јогурт, но и банана. Зголемете го внесот на овие намирници неколку дена пред менструацијата. Исто така, рибата е богата со омега 4 киселини кои ги смируваат грчевите, додека зелениот зеленчук и пилешкото содржат железо кое се губи во текот на менструацијата.
Избегнувајте ја оваа храна




Избегнувајте масна и пржена храна. Таа долго останува во системот за варење, па со тоа може да предизвика појаки болки. Исто така, солената храна предизвикува задржување на водата во телото и надуеност која ги зголемува болките во стомакот. Избегнувајте кофеин и алкохол.
Рекреација
Рекреацијата ја подобрува циркулацијата, но и го ослободува ендорфин – хормонот на среќа кој ја подигнува границата на издржливост на болката, тој лесен облик на рекреацијата покрај пешачењето, опуштеното трчање и јогата можат значајно да ги смират и ублажат менструалните болки.