Имате необјасниви модринки по телото? Еве кои се можните причини

Ако често се појавуваат сигурно сте се запрашале зошто се појавуваат.

Модринките се природен одговор на удар или пад, и се јавуваат кога крвта се акумулира под кожата. Понекогаш причината за појавата на модринки може да се најде во генетиката.

„Иако некои модринки може да се објаснат со лекови или медицински состојби, дури и кај здрави луѓе некои се повеќе склони кон нив отколку другите“, вели д -р Ема Веџворт за The Sun.

Како што вели, не е целосно познато зошто е тоа така, но има некои индикации.„Модринките се поизразени на посветли тонови на кожа со помалку меланин пигмент. Покрај тоа, жените се повеќе склони кон нив отколку мажите, можеби поради структурните разлики во женскиот колаген, крвните садови и масните слоеви“, истакнува таа.

Некои од помалку загрижувачките причини за модринки се поврзани со:

Стареење- Како што старееме, кожата станува потенка, а крвните садови послаби. Ткивата што ги поддржуваат крвните садови, исто така, стануваат покревки. Ова може да значи дека ќе забележите повеќе модринки, понекогаш без позната причина.

Лекови- Постојат голем број на лекови чии несакани ефекти вклучуваат модринки. Ова се најчесто оние што ја намалуваат способноста за згрутчување на крвта, како што е хепаринот. Многу лекови за рак можат да го намалат нивото на тромбоцити во крвта, што доведува до крварење. Ова може да предизвика тромбоцитопенија, состојба која се манифестира како мали виолетови или црвени дамки на кожата.Аспиринот, како и стероидите и антидепресивите, може да ја зголемат појавата на модринки.

Некои од загрижувачките причини за модринки се:

Премногу алкохол- Една од главните функции на црниот дроб е производството на хемикалии кои се познати и како фактори на згрутчување. Ако пиете премногу алкохол и го оштетувате црниот дроб, еден од првите знаци може да биде полесна појава на модринки.

Нарушување на крварењето- Постојат голем број нарушувања на крварењето за кои модринките се симптом и влијаат на мал број луѓе.

Болеста Фон Вилебранд е најчестото нарушување на крварењето и се дијагностицира кај околу еден процент од населението. Покрај модринки, оваа состојба може да предизвика крварење во стомакот, обилни менструации и крварење од носот.

Хемофилијата е генетска состојба која спречува правилно згрутчување на крвта и може да биде блага или тешка. Може да предизвика лесни модринки.

Овие состојби може да се третираат со лекови. Но, пациентите се изложени на ризик од тешко и потенцијално опасно по живот крварење.

Ниски тромбоцити во крвта- Тромбоцитите помагаат во згрутчување на крвта, така што без нив крварењето не може да престане.

Тромбоцитопенија, која се карактеризира со модринки, дамки на кожата, крварење од носот, непцата или столицата, е состојба во која телото на човекот не произведува доволно тромбоцити.

Не е често наследна, туку е предизвикана од бактериска инфекција, бременост, автоимуни состојби, вирус или лекови.

Добротворната организација вели дека откривањето на овој вид модринки може да биде клучно за рана дијагноза.

Модринки во овој случај се јавуваат на невообичаени места, како што се грбот на нозете и рацете, ги има многу без причина, им треба долго време да исчезнат и може да се зголемат.

Болест на лимфом, исто така, може да предизвика уништување на крвните клетки во телото, што доведува до појава на модринки, чести инфекции и замор.

Внатрешно крварење- Понекогаш она што изгледа како модринка, всушност може да биде внатрешно крварење – и треба веднаш да посетите лекар.

Внатрешното крварење често е резултат на повреда или траума, на пример по сообраќајна несреќа. Но, најчесто невозможно е да се види внатрешно крварење. На пример, може да се појави во главата, предизвикувајќи слабост, губење рамнотежа или свест, болка во градите или стомакот и задишување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *