Имате проблеми со синуси еве што треба да направите

Воспаление на синуси – синуситис представува воспаление на слузокожата на параназалните синуси шуплини, поради несоодветно излачување на секретот, предизвикано од инфекција или алергија.

Најчести причини за појава на акутен синусит се бактерии: (стрептококи пневмонија, грип на емфил и др.) Од надворешните причини тука се пред се токсичните гасови вклучувајќи го и чадот од цигари.
Хроничен синусит може да биде алергиски или како последица на анатомски промени кои пречат во дренажата на синусите, како и несоодветно и недоволно лекуван акутен синузит. Воспаление на синуси може да се јави и како последица од болести на горните дишни патишта. Некои од симптомите на синусит се: зголемена телесна температура, болка во предел на лицето и челото (особено на притисок) која се зголемува при наведнување нанапред, зголемена секреција, затнување на носот и сл. Отечената воспалена носна слузница може да го затвори синусниот отвор и да оневозможи правилна вентилациа и изедначување на притисок во носот и синусите. Поради разлика во притисокот се јавува болка. Синуситот, доколку не се лекува навремено и соодветно, може да ги зафати очната празнина, околните коски и централниот нервен систем. Кај хроничен синусит, секрецијата се манифестира со сливање на секретот во грлотоото.

Еве неколку начини како да си го олесните дишењето
Крема за полесно дишење
Во 10 ml гел од алое вера, додадете 16 капки етерично масло од бор и еукалиптус. Измешајте го добро со дрвена лажица. Нанесете многу мала количина крема во ноздрите, масирајте го коренот на носот, за брзо да почувствувате олеснување на дишењето и исфрлање на слузот. Ова се препорачува два до три пати на ден, особено пред спиење.

Против воспаление
Во случај на појава на бактерии и гној во синусните шуплини, советот е да мирување со антибиотици. Од помош може да биде и ставање топли, варени јајца од двете страни на носот. Исто така, се препорачува неколку пати на ден да се шмрка млака солена вода или благ чај од камилица и боквица. Сварете компир и исцедете ја водата. Наведнете се над садот, покријте ја главата со крпа и дишете ја топлата пареа што е можно побрзо.

Правете инхалација со босилек
Две лажици босилек прелијте ги со пет децилитри зовриена вода и чајот оставете го поклопен 10 минути. Кога чајот ќе отстои, процедете го и загрејте го. Пареата инхалирајте ја низ носот. Повторете го тоа неколку пати во текот на денот.

Потребни состојки:

1/2 чаша чиста вода за пиење
1/4 чаша јаболков оцет
1 лажица мед
1 лажица бибер
1 лимон – исцеден сок

Подготовка
Сварете ја водата, а потоа ставете во чаша. Додајте го јаболковиот оцет и промешајте, па оставете да се излади на собна температура. Откако ќе се излади додајте бибер, мед и повторно мешајте. На крајот додајте сок од лимон и добро измешајте. За поефикасен резултат оваа течност треба да се пие на празен желудник пред појадокот и пред спиење навечер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *