Имате ШИЛЦИ ВО ПЕТА, еве неколку ефикасни решенија

Тинктура од аспирин

Се толчат 10 таблети аспирин (додека станат прав) и се прелеваат со 70% алкохол. Се остава да отстои 24 часа, па потоа почнувате да ја употребувате тинктурата на следниот начин: Секоја вечер, пред спиење, прво промешајте ја, сипете мала количина на чиста газа (добро да се натопи), ставете на болното место, обложете со најлонска фолија, па облечете чорап. Облогата си стои цела вечер, наутро се отстранува, а ногата се мие со топла вода и масира со обична крема.

Облога од мед и сол
Намачкајте ја болната пета со мешавина од мед и морска сол во сооднос 1:1. Обвиткајте со газа, па најлонска фолија, па облечете чорап. Со оваа облога се спие, а се отстранува наутро со миење. Можете слободно да повторувате секоја вечер додека болката не исчезне.

Облога од компир
Изрендајте добро измиен компир (со се лушпа), ставете на газа, па на пета. Оваа облога помага да се релаксира и најсилна болка.

Облога од зелка и мед
Ова е едно најстарите решенија на народната медицина. На лист од зелка се става малку мед, па се обложува болното место, завиткува со завој и се остава да делува преку ноќ.
* Освен овие облоги, во мигови на болка од помош може да Ви биде и тапкање со петата по под, трлање на петата од тепих, како и масажа со комова ракија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.