Интегрални тестенини со туна и зеленчук

Совршено избалансиран, прекрасен лесен и брз ручек после кој нема да се чувствувате преполнето и млитаво. Одличен е и за пред тренинг затоа што јаглехидратите од тестенините ќе ги наполнат гликогенските резерви и ќе ви дадат сила и енергија.




Состојки:
интегрални тестенини
1 мала туна
1/2 домат




1/2 краставица
неколку листови спанаќ
малку младо кромитче
1 лажица пченка
малку хималајска сол и малку ладно цедено сончогледово масло.




Подготовка:
Тестенините ги варите, а зеленчукот го сечкате на ситни коцки. На крај мешате се заедно и попрскувате со малку маслиново или ладно цедено сончогледово масло и малку хималајска сол.