Ирски леб кој ќе ве освои. Може да го чувате и до две седмици на собна температура.

Подготовката на овој леб трае 15 минути. Марта Стјуарт истакнува дека доколку лебот го чувате во пластична ќеса, може на собна температура да стои и до две седмици.

Состојки:
3 лажици несолен путер
4 шолји брашно + малку за мешање
3/4 шолји шеќер
3/4 шолји суво-грозје

2 лажици семки од ким
1 лажица сода бикарбона
1 лажица сол
1/2 лажичка прашок за печиво
1/2 шолја матеница
2 јајца
Подготовка:

Загрејте ја рерната. Со путерот премачкајте го плехот за печење. Во поголем сад помешајте го брашното, шеќерот, сувото-крозје, кимот, содата бикарбона, солта и прашокот за печиво.

Во друг сад изматете ја матеницата, јајцата и 2 лажици путер. Ставете го тоа во другиот сад, па замесете го тестото. Месете околу 4 минути, додадете уште малку брашно по потреба. Формирајте топка од тестото. Премачкајте го со останатиот путер. Со остар нож, исечете го тестото на површината во форма на X.

Печете додека не зарумени (околу 45 до 50 минути). Нека се излади пред да сервирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *