И најмалите го обожаваат: Еве како да подготвите модар патлиџан потпечен во сос од домати

Модриот патлиџан во последно време е вистинска ѕвезда во кујната. Меѓутоа, кога станува збор за децата, овој зеленчук не е нивниот омилен избор. Но, доколку го подготвите по рецептот кој ви го предлагаме, и најмалите ќе го обожаваат. Кога ќе го наполните со сирење и зеленчук, па ќе го завиткате и ќе го испечете сето тоа во рерна со сос од домати, никој нема да може да одолее.

Состојки:
2 поголеми модри патлиџани
1 главица кромид
150 гр. спанаќ
2 чешниња лук
1 лажица мелена црвена пиперка
сол, бибер

400 мл. сос од домати
300 гр. кашкавал
300 гр. сирење
масло
магдонос за декорација

Подготовка:
Модрите патлиџани исечкајте ги тенко по должина, па посолете ги и оставете ги настрана. Во загреаната тава истурете малку масло, па додајте исечкан спанаќ, кромид и лук.

Сето тоа заедно се динста околу пет минути, а на крајот се додаваат наведените зачини. Тргнете ја тавата од оган, смесата ставете ја во сад, па додадете го кашкавалот и измешајте. Истурете го целиот сос од домати во тавата во која ќе ги печете модрите патлиџани. На работната површина ставете едно парче модар патлиџан, па премачкајте го со мешавина од сирење и спанаќ.

На крај, врз модриот патлиџан посипете рендано сирење и завиткајте го, па ставете го на плех. Повторете го процесот додека имате од смесата. Ставете ги ролните во загреана рерна на 180 степени и печете ги 20 минути. Кога ќе бидат готови украсете ги со магдонос и послужете ги топли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *