И покрај советите НЕ ДОЗВОЛИЛА да го исклучат мажот од апарати: ОДЛУКАТА засекогаш и го сменила животот

Адам Бенкс (39) од Јоркшир, кој долго се борел со корона вирусот и практично „станал од мртвите“ повторно почнал да оди и да зборува иако лекарите не му давале никакви шанси, напротив.




Комисијата предложила да го исклучат од респиратот затоа што белите дробови му биле речиси уништени после пет недели поминати во кома. Неговата сопруга Мери одбила таква можност и рекла дека ќе се бори се додека има трошка надеж, а нејзиниот потег се покажал како исправно решение.




Мери одбила и ги молела лекарите да продолжат да ме лекуваат. Белите дробови 90 отсто ми биле уништени, а во рок од неколку дена сум бил приклучен на респиратот, рекол Адам, кој во јануари годинава заболе од тежок облик на ковид, раскажувајќи ја тешката броба за живот во болницата Џејмс Кук во Лестер.
Со оглед на тоа дека многу време поминал во кома, речиси и да не се сеќава на тешката борба. Кога се разбудил, се чувствувал као да халцинира затоа што бил на јаки лекови.




Во еден момент помислив дека лекарите и сестрите се обидуваат да ми наштетат со лекови, па престанав да ги земам еден ден и веднаш ми беше лошо. Не јадев два и пол месеци, а гласните жици ми се беа исушиле. Две недели поминав на интензивна за повторно да соберам сила да научам да одам, рекол Адам, кој чудо е и како преживеал, пренесува Дејли меил.




Неговата сопруга рекла дека и таа поминувала низ пекол и дека не знаела што ќе се случи од минута во минута.
Бев убедена дека во болница ќе му дадат малку кислород и ќе го пуштат дома. Не знаев дека толку брзо ќе му се уништат белите дробови и дека лекарите ќе дојдат во ситуација д аме прашаат за одобрени да го исклучат респираторот.




Луѓето кои работеа во болницата постапија професионално, дадоа максимум и тоа вроди со плод. Благодарна сум им за се, рекла Мери Бенкс.