Како да препознаете дека сте во невротична врска: Ако вашиот партнер е ваков, имате само две опции!

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски открива како да препознаете невротична емотивна врска:




„„Ако врската не ви одговара поради некоја причина, таа веќе може да се окарактеризира како нездрава. Јас лично сум против секое „но“ кога се во прашање емотивните врски.




Кога сакаш некого, може да има милион маани или да биде целосен кретен, тоа не го менува фактот дека го сакаш. Но, најважно за здрава врска е да сакаш сè на партнерот. Подобра опција е кога и двајцата ја имате истата маана, бидејќи тогаш тоа не може да ве повреди.




Но, ако работите тргнат наопаку, а вие страдате поради тоа, страдате, тогаш зборуваме за невроза. Тоа е најнездравиот тип на врска.




Ако му кажете на вашиот маж дека нешто ве мачи и тој не прави ништо за тоа, ретко има помош. Имате две опции – или прифатете ја или заминете.
Може да функционира и невротична врска, но важно е во тој случај вашите неврози да се поклопат. Сè друго е осудено на пропаст во форма на раскинување или болест на еден од партнерите по долгогодишно страдање. Тоа сигурно ќе се случи во одреден момент“, заклучува познатиот психолог.