Како да се чувам од лошите помисли кои ми доаѓаат во умот?

Не можеш да се запазиш! Сето она што го нарекуваме заповеди Божји, сето она што ни изгледа тешко, не е просто тешко: туку е невозможно!




Кога се чувствуваш безнадежен, кога доаѓаш до точката да речеш: „Ќе успеам ли и јас во тоа?“, твојата природа признава дека „тоа“ не е наше, не припаѓа на нашата биолошка природа.




Но, од Бога да не очекувате нешто помалку од она што навистина е невозможно! Бог само во невозможните работи дејствува, бидејќи она што е можно за нас го правиме и самите. Нема Бог да ти ја промеша кашата! Но кога се однесува на Божјите заповеди, тогаш само Духот Божји може да дејствува во тебе.




Сакаш да се запазиш од помислите? Бог ќе ти помогне, но направи и ти нешто: секој пат кога ќе видиш дека ти доаѓа лоша помисла во твојот ум, кажи: „О, Боже мој, погледни што имам во мене!“ И ако имаш некоја недоумица или колебање, прашај Го Бог: „Зошто оваа помисла е грешна?“ Барај од Господ. Врзувај се и одврзувај се невидливо, според духот.




Сакаш да научиш како да не го повториш гревот? Моли се на Господа: „Како да не го повторам?“ Барај од Господ храброст, за да не паднеш пак во гревот.