Како да ја намалите болката во нозете предизвикана од долго стоење?

Најпроблематично кај стоењето е што долгото стоење во место може да предизвика хронична болка во нозете и стапалата, а може да доведе и до низа други здравствени проблеми.
Стоењето, како и долгото седење, може да придонесе за појава на болка во мускулите, грбот, нозете и други делови од телото. стоењето на нозе по цел ден е поврзано со зголемен ризик од проширени вени. Досегашните студии покажаа дека стоење на нозе најмалку 5 часа дневно е поврзано со замор во мускулите во долниот дел од телото, хронични болки во грбот и други нарушувања.

Зошто се јавува болка во нозете од стоење?
Стоењето бара постојана активност на неколку мускули во нозете и поради тоа ако стоите некаде само неколку минути, ќе почувствувате замор. И не само тоа, вашето срце не може ефикасно да пумпа крв кога стоите на едно место што може да доведе до отечени нозе и стапала. Сепак, стоењето е подобро од седењето, но идеално би било редовно да се движите.

Причини зошто настанува болка во нозете од стоење:
– непрекината работа на само неколку мускули

-оптоварување на стапалата без одмор

-отежнат проток на крв

-стоењето во едно место е и ментален предизвик

-помалку адреналин и кислород

Симптоми на долго стоење се грчеви во мускулите, што е примарна причина за болка во нозете, умор на мускулите и дехидратација, болка во колената и вратот, хронично нарушување на срцето и циркулацијата и слично.

Како да си помогнете?
Потопувањето на нозете во леген со вода и мраз во траење од 20 минути помага да се намалат отоците и воспаленијата по стоење. Употребата на лед е едноставен и ефикасен начин телото побрзо да се регенерира.
Масирајте ги стапалата секојдневно, за побрзо да закрепнат.

Кренете ги доволно да бидат над нивото на срцето и така ќе се намали отокот на стапалата. Може да ги ставите на ѕид додека лежите или на неколку перници доколку седите.

Употребувајте гел против болка во нозете кој најчесто се користи кај различни здравствени тегоби како што се ишијас, артритис и реума. Корисен е бидејќи ја поттикнува циркулацијата и со тоа се отстранува болката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *