Како може да се искористи течноста од киселите краставички?

Ако сте љубители на кисели краставички, веројатно некогаш сте помислиле што да направите кога ќе се изедат и во теглата ќе остане само течност. Многумина ја истураат, но постојат многу начини за тоа како да се искористи оваа течност.

Можеби ќе се изненадите што сокот од киселите краставички иам некои прилично интересни здравствени придобивки, што е причина плус за подобро да го искористите.

Водата од киселите краставички може да се искористи за правење макала, маринада, а неретко се препорачува и едноставно да се пие оваа течност поради бројните благодати по организмот.

Компонентите на сокот од краставица помагаат во балансирањето на шеќерот во крв, го подобруваат нивото на холестерол и го регулираат високиот крвен притисок. Исто така, ако вашиот сок од кисели краставички е ферментиран, а не конзервиран, добивате дополнителни предности.

Кисел зеленчук
Само неколку лажици од оваа ароматична течност може различни рецепти брзо да ги направи повкусни. Користете го остатокот сок од киселите краставички наместо (или како додаток) оцет и сол во рецепти за к

омпир салата или други јадерња по избор.

Маринада за месо
Повеќето маринади за омекнување месо содржат клучни состојки како оцет и сол. Со додавање намирници како лук, сол, бибер, па дури и малку шеќер се подобрува вкусот и крајниот резултат. Како што сокот од кисели краставички може да биде замена за оцет, истовремено може да послужи и како состојка за во маринада.

Коктели
Додадете лажичка или две од сокот од кисели краставички во посакуваниот коктел за мал „солен удар“ и сигурно ќе добиете поинаков вкус од оној на што сте навикнале.

Сос за помфрит
Направете сопствен сос за помфрит (но и други јадења) на следниов начин: 2 лажици мајонез, 1 лажица кечап, ½ лажичка лук во прав и 1 лажица сок од кисели краставички. Добро измешајте и уживајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *