Како правилно се целиваат икони и што не смеете да правите со нив!

Постојат голем број правила кои им се непознати на луѓето, па дури и на оние што секојдневно одат во црква.

Иконите со ликот на Господ Исус Христос се целиваат при крај или во нозете, ако Спасителот наш е претставен во целиот Свој раст.
Иконите на Пресвета Дева Марија (Божјата Мајка – Богородица), па и на другите Светители (Божји угодници) се целиваат во рака или отстрана, но никако не се целиваат во образ (во лице).

Ако Исус на иконата е прикажан до појасот тогаш и Него треба да го целивате во рацете како и светците.
Во случај кога е насликана само неговата глава, тогаш треба да се целиваат само влакната од неговата коса.

Во случај кога е насликана само неговата глава, тогаш треба да се целиваат само влакната од неговата коса.
Овие правила за целивање на иконите се дел од вековната култура и традиција на православните христијани.

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средина, па и оние отстрана, но не и главните и под главните икони на иконостасот, ако Божјата служба е во тек. Последниве можат да се целиваат само пред почетокот или по завршувањето на Светата богослужба.

Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон и се одминува без многу задржување, за да се направи место за другите што доаѓаат и сакаат да целиваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *