КИФЛИЧКИ ВО ОБЛИК НА ЗАЈЧЕ

Состојки
400 гр брашно
1 пак. сув квасец
1 рамно лажиче сол




1 лажиче мед
60 гр кисела павлака
60 гр свинска маст
1 јајце
1 жолчка




150 мл топла вода
уште—
1 белка (за премачкување)
црн бибер во зрно, неколку гризини
Измешајте ги сувите состојки, па направете кратер и во него додадете ги останатите. Почнете да месите и постепено на крај додавајте ја топлата вода.
Измесете убаво, покријте со платнена крпа и оставете да се дуплира.




Тестото кратко премесете го врз побрашнета работна површина и поделете го на 15на дела, а секој дел оформете го јајцевидно.
Со кујнска ножица направете 2 коси засеци кои ќе ги претставуваат ушите.




Напред ставете зрна бибер наместо очи, а по желба од гризините забодете мали парчиња за мустаќи и со мало парче тесто назат оформете топчесто опавче.
Зајачињата премачкајте ги со белка и печете ги во загреана рерна на 200 степени 7-8 мин, па потоа намелете ја на 175 и печете ги уште 12на мин.




Печените зајачиња покријте ги со кујнска крпа, малку да подоладат пред да ги извадите од плехот.
*** По желба пред да ги оформите зајачињата, можите да ги наполните со фил.