Киш со брокула без тесто

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ




4 големи јајца и две белки
375 мл. млеко
500 гр. брокула
8-10 шери домати
2-3 чешниња лук




½ мала главица кромид
120 гр. рендана моцарела
60 гр. фета
1 лажица маслиново масло
½ лажица оригано
½ лажица босилек
½ лажица сол
¼ лажица бибер
nеколку листови свеж босилек




Вклучете ја рерната на 175°C да се загрее. За тоа време подгответе ги состојките.
Кромидот ситно исечкајте го, а чешнињата лук изрендајте ги на ситната страна од рендето па ставете ги да се пржат на загреано масло на средна температура. Во нив додадете ја и брокулата која претходно сте ја исечкале на мали парчиња. Пржете со повремено мешање околу 8 минути.




Во меѓувреме во длабок сад изматете ги јајцата и белките со рачна маталка. Потоа во нив додадете го млекото, ориганото и босилекот, посолете и побиберете. Промешајте. На крајот во садот ставете ја ренданата моцарела и сирењето кое ќе го изроните со раце. Повторно промешајте за да се соединат состојките.




Во претходно намастен сад во кој ќе го печете кишот ставете го испржениот зеленчук и распоредете го по целато дно. Врз нив истурете ја смесата од јајца и порамнете со лажица. Шери доматите исечете ги на кругови и ставете ги на површината како и неколку листови босилек. Се пече 40 – 45 минути односно додека краевите почнат да се оделуваат од садот. Кога кишот е готов извадете го од рерна и оставете го да одстои околу 10 минути па потоа исечете го и послужете.