Кои луѓе не би требало да пијат аспирин?

Постарите луѓе не би требало да пијат аспирин секој ден, покажува студијата спроведена во Америка и Австралија.
Аспиринот се користи по инфаркт или мозочен удар. Студијата покажа дека доколку некој не доживеал мозочен удар или инфаркт, не треба да пие аспирин. Лекот не треба да го пијат луѓе постари од 70 години бидејќи се зголемува ризикот од внатрешно крварење.

Стручњаците ги опишаа резултатите како многу важни и предупредија на употребата на аспирин. Лекот се препорачува на болни луѓе бидејќи ја разредува крвта и го намалува ризикот од повторување на нападот.
Здравите луѓе не треба да пијат аспирин за да го намалат ризикот од разболување.

Оние коишто веќе подолго време користат аспирин се препорачува да не престанат со консумирање на лекот туку да се консултираат со нивниот лекар за да избегнат проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.