Кои промени на телото покажуваат зголемен холестерол?

Понекогаш ги игнорираме промените на телото, а всушност треба да обрнеме внимание на сигналите кои организмот ни ги праќа. Многумина не знаат дека токму на рацете можат да се видат симптоми на зголемен холестерол.
Кога артериите ќе се затнат поради високо ниво на холестерол, тука нема некои очигледни знаци на предупредување, но оваа состојба може да доведе до срцеви болести или инфаркт.




Затоа експертите советуваат да обрнете внимание на ноктите на рацете бидејќи еден од ретките симптоми кои даваат сигнал за зголемен холестерол е бледата боја на ноктите. Лошата циркулација е последица од наталожени маснотии во крвните садови кои ја водат крвта од срцето кон другите делови на телото. Тоа значи ако ноктите станат бледи тоа може да укаже на лоша циркулација на екстремитетите.




Доктор Моника Васерман истакнува дека високиот холестерол обично напаѓа тивко, поради што е навистина тешко да се забележат какви било симптоми.




„Но, тоа не значи дека не можете да го идентификувате зголеменото ниво на холестерол во телото. Еден од знаците на предупредување се ноктите. Високото ниво на холестерол доведува до создавање масни наслаги во артериите, а тие влијаат на циркулацијата резултирајќи до бледи нокти“, објаснува докторката.
Истото важи и за ноктите на нозете – бледи, кршливи нокти како и нокти кои растат бавно се потенцијални симптоми на зголемен холестерол.




Останати симптоми на зголемен холестерол:
– опаѓање на влакната на нозете
– чувство на трнење или слабост во нозете
– кршливи нокти на нозете кои растат бавно
– рани на стапалата или нозете кои не зараснуваат
– промени на бојата на кожата на нозете
– еректилна дисфункција кај мажите
– намалување на мускулите на нозете.