Кои симптоми укажуваат дека нешто не е во ред со бубрезите ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ

Бубрезите ги филтрираат токсините, па многу е важно за општото здравје тие да работат како што треба. Раната дијагноза ги зголемува шансите за излекување, затоа важно е да го слушате вашето тело и сигналите што тоа ви ги испраќа.

Кога бубрезите се загрозени, може да се јават овие симптоми. Ако забележите повеќе од еден симптом, добро би било да одите на лекар.

Отечени зглобови, стапала, лице Насобирањето течности во организмот е јасен показател дека нешто не е во ред со вашите бубрези, со оглед на тоа што тие се главните прочистувачи на течностите што ги има во организмот. Отекувањето на некои делови од телото (зглобовите, стапалата, рацете, лицето и слично) може да укажува на проблеми со бубрезите.

Промени во урината Производството на урина е една од главните задачи на бубрезите, а секоја промена во бојата или мирисот на урината може да навестува дека нешто не е во ред. Некои од промените што можете да ги забележите, а укажуваат на можни проблеми се:

Уринирањето е болно Има траги од крв во урината Уринирањето станало ретко Се будите во текот на ноќта и по неколку пати за да уринирате.

Мачнина и повраќање, Кога бубрезите не ги исфрлаат штетните материи од организмот, може да се јави чувство на мачнина. Така телото наоѓа начини да ги исфрли токсините.

Постојано чувствувате умор, Секому му се случува да биде изморен, нерасположен и слично, и покрај доволната количина на сон. Меѓутоа, уморот некогаш може да биде предизвикан од недостиг на еритропоетин, хормон што се лачи во бубрезите. Па затоа, доколку имате недостиг од овој хормон, почесто и поинтензивно ќе бидете уморни, а тоа ќе биде и показател дека нешто не е во ред со вашите бубрези.

Анемија, И анемијата е поврзана со недостиг од еритопоетин, со оглед на тоа што овој хормон е клучен за производство на црвени крвни зрнца. Ако сте анемични, проверете го и здравјето на бубрезите.

Непријатен вкус во устата, Ако вашите бубрези не ги филтрираат и не ги отстрануваат токсините, тие тогаш се акумулираат во телото. Тоа може да предизвика вкус на метал во устата, како и лош здив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *