Колач со овесни снегулки, ореви и јаболка

Десертот не мора да биде пречка за успешноста на диетата. Во продолжение рецепт како да подготвите здрав колач со ореви, јаболка и овесни снегулки без грам брашно.

Потребни состојки:

4 чашки овесни снегулки,
1 чаша кокосово брашно,
1 чаша ситно сецкани или мелени ореви,
2 јаболки (излупени и изрендани),
1/2 чаша кафеав шеќер,

150 ml маслиново масло,
3 супени лажици мед,
1 лажичка мелен цимет,
малку рендано морско оревче (по желба).
Начин на подготовка:

Во еден голем сад измешајте ги овесните снегулки, кокосовото брашно и оревите. Овесните снегулки можете да ги ставите во блендер и да направите овесно брашно, но доколку не сакате не мора. Во друг огноотпорен сад измешајте ги кафеавиот шеќер, ренданите јаболки, маслиновото масло, медот, циметот и морското оревче. Ставете ја оваа смеса на оган да зоврие. Потоа тргнете ја од оган и додадете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и оревите. Измешајте убаво и смесата ставате ја во огноотпорен сад и печете 15-20 минути во загреана рерна на 180°С.

Калориска вредност по порција: околу 300 калории, 15 g масти, 45 g јаглехидрати, 9 g протеини и 6 g диететски влакна.
Пробајте го рецептот, нема да зажалите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *