Компир за 10 минути, без готвење на шпорет

Лупењето на компирите за подготовка на пире, компир салата, печење во рерна или обично пржење бара време и трпение.

Оваа намирница речиси секојдневно ја користиме во кујната и постојано се прашуваме дали постои некој начин за да го скратиме процесот на здодевното вадење на кората од компирите. Не е баш со помош на магично стапче, но овој трик ќе ви го олесни процесот на подготовка на оброк со компир, особено ако планирате да го подготвите во поголема количина.

Компирот многу лесно и брзо може да се свари и во микробранова печка.
Ставете го во поголема чинија, без лупење. „Боцнете“ го со вилушка и прелијте го со две лажици вода.
Подесете ја микробрановата печка на максимална температура, на 10 минути.

Ќе добиете совршено сварен компир со кора која можете многу лесно да ја отстраните кога ќе се излади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *