Компир со сланина – гурманско јадење од рерна со совршен вкус

За многумина нема подобар спој од компир и сланина. Оттаму и популарноста на т.н. hasselback компир, или во народот познат како „хармоника компир“.




Лесно се подготвува, а вкусот е незаборавен, особено доколку го јадете во студените есенски и зимски денови.




Состојки:
1 килограм компири
120 грама путер
150 грама сланина или печеница




1 чаша кисела павлака
4 чешниња лук
Магдонос
150 грама гауда




Подготовка:
Компирот добро измијте го и засечете го вертикално (со дебелина од неколку милиметри). Ставете го во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење во секоја трета празнина додадете путер и печете на 200 степени Целзиусови.




Потоа извадете ги компирите од рерна, па во секоја вдлабнатина од компирот ставете по едно ливче сланина или печеница. Меѓу ливчињата сланина ставете и гауда исечена исто така на тенки парчиња, па додадете ја павлаката над компирите.
Вратете го плехот во рерна и печете уште 10-на минути. Послужете го компирот топол.