Компир со тиквици во прелив од шампињони

Состојки:
600 гр компир
1 морков
2 помали тиквици
1 главица кромид

1 домат
лук во гранули
3 лажици пченкарно брашно
2 лажици гриз, зачин, сол, бибер, лута пиперка,малку слатка пиперка, лист од магдонос, кесичка супа од печурки.
Подготовка:

Компирот, тиквиците и морковот исчистете ги и исечкајте ги на кругови. Кромидот и доматот исечкајте ги исто така на кругови. Во компирот, морковот и тикцивите додадете бибер, пиперка, лук, масло и пченкарно брашно и гриз и измешајте.

Плехот подмачкајте го и поредете ги компирите во него. Додадете го кромидот и доматот па ставете ги помеѓу компирите.

Кесичката супа од печурки изматете ја во млака вода околу 250 мл и прелијте ја преку компирите. Печете на 220 степени Целзиусови околу 40 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *