Кошмар! Психолозите открија што се случува со паровите за време на бременоста

Студијата на психолозите од Универзитетот во Јаши во Романија, објавена во списанието Frontiers in Psychology, сугерира дека задоволството во бракот значително се намалува по раѓањето на бебето.




Психолозите анализирале вкупно 49 студии за односите меѓу сопружниците, во кои учествувале вкупно 145.000 волонтери. Покрај паровите со деца, во предвид се земаат и паровите без деца.
Истражувачите откриле дека задоволството во бракот значително се намалило за време на бременоста и до една година потоа кај партнерите од двата пола. Истовремено, кај паровите без деца, намалувањето на семејното задоволство е послабо во дадениот временски период. Намаленото родителско задоволство се должи на стресот од грижата за децата, како и на фрустрацијата што доаѓа од нарушувањето на перцепцијата за бременост и родителство, велат истражувачите.




Друг важен фактор за неуспехот на односите на паровите е недостатокот на редовен секс. Мајките се повеќе се впуштаат во воспитувањето на своите деца и забораваат дека дома има уште една личност која би сакала да помине малку време со нив.




Психолозите советуваат децата да ги воспитувате во мирна средина полна со љубов меѓу родителите за да растат среќни и здрави. И секогаш наоѓајте време за себе