Која страст е најопасна?

Од сите постоечки страсти, најопасна за добродетелите и вистината е зависта.




Поради демонската завист, смртта влезе во овој свет (Мудр. Сол. 2, 24). Овој порок раѓа и многу други пороци. Тој е особено опасен, оти на оние, кои ги има заробено, тој вешто им се крие, дури и на нив самите.




Овој непомирлив непријател на добродетелите е заслужен за гневот, кој до бесвест се буди во луѓето. Тој не простува никому и ништо, освен на порокот и на незнаењето.




Не постои зло, на кое не му е сродна зависта која толку бргу ја совладува душата. Таа, садот кој е создаден за чест, го претвора во сад исполнет со срам и голема нечистотија.




Игумен Бонифациј Виноградски