Кремаста салата со неодолив вкус како од ресторан: Ја правите за 5 минути, ја јадете цел ден и не се дебелеете

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 главица млада зелка, 1 голем или два помали моркови, 1 главица црвен кромид, 1 голема китка свеж магдонос, 160 г туна во конзерва (1 конзерва, во парче или иситнета), 1/2 лажичка сол или по вкус, 1/4 лажичка мелен црн пипер




Зелката исчистете ја од надворешните листови и некоја евентуална нечистотија, и исечкајте ја на тенки лентички или ако ви е полесно, изрендајте ја, исто како за салата. Морковот измијте го, излупете го, па изрендајте го на крупната страна од рендето.




Изренданите зелка и морков ставете ги во некој голем и широк сад во кој лесно ќе можете да ја измешате целата салата (доколку немате простор за работа, многу лесно може да направите неред, затоа преферирајте широки садови).




Потоа кромидот излупете го и исечете го на тенки полумесечинки или по желба.Магдоносот измијте го убаво под млаз ладна вода, па ситно исечкјате го и додајте го во останатиот зеленчук. Потоа додајте една конзерва туна во парче од 160 г, но може и повеќе по вкус, како и туна по ваш избор. Посолете и запиперете по вкус.




СОСТОЈКИ ЗА ДРЕСИНГ: 200 г некој погуст јогурт или кисела павлака, 1 полна кафена лажичка сенф (за пикантен вкус одберете лут сенф), сок од 1 лимон, 2 супени лажици растително масло, а може да користите и маслиново масло. Во еден посебен сад ставете 200 г густ јогурт или кисела павлака по ваш избор, една полна кафена лажичка сенф, сок од еден лимон, две супени лажици растително масло, уште подобро ако користите маслиново масло, па добро промешајте додека да се изедначат сите состојки.




Подготвениот дресинг прелијте го врз салатата. Добро промешајте за да се распоредат сите состојки рамномерно, најдобро со две лажици/виљушки, па салатата е готова.