КРЕМАСТ КОЛАЧ СО МАЛИНИ: Се топи во уста, нема печење! (РЕЦЕПТ)

Сезоната на малини започна, а ние ви пренесуваме брз рецепт за колачи што ќе ви се допадне.

СОСТОЈКИ:

За основата:
210 гр пандишпан
200 мл млеко

Полнење со малини:
300 гр малини
1 пудинг од ванила
300 мл вода
130 гр шеќер

Полнење со сладок крем:
400 мл слатка павлака
1 кесичка ванилин шеќер
300 гр милерам
100 гр шеќер во прав
Чоколаден прелив
100 мл слатка павлака
100 гр млечна чоколада

Фил со малини: во тенџере ставете малини, шеќер и малку вода и оставете да зоврие. Во преостанатата количина на вода додадете го пудингот и мешајте додека не се раствори во водата. Кога водата со малините ќе зоврие додадете го пудингот (при додавање на пудингот потребно е смесата постојано да се меша во тенџерето). Сето тоа сварете го и оставете го настрана околу 20 минути, додека не се излади филот.
Основа: За подлогата потребно е бисквитите да се протнат низ топло млеко и да се наредат на дното од калапот. После тоа, прелијте го колачот со изладениот фил од малини и оставете го настрана додека филот целосно не се излади.

Фил за сладок крем: Изматете ја слатката павлака, а во неа додадете милерам, шеќер во прав и една кесичка ванилин шеќер. Сето добро изматете додека не се соедини, па префрлете го филот во филот со малини и рамномерно распоредете.
Чоколаден прелив: Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие и прелијте ја врз чоколадата. Мешајте додека целосно да се растопи чоколадото. Прелијте го колачот и ставете го во фрижидер да се излади.

Leave a Reply

Your email address will not be published.