ЛЕКОТ СЕ СКРИЕ ВО КУЈНА: Домашен сируп кој ја лекува и најупорната кашлица

Сирупот од ловоров лист е природен лек за смирување на иритираното грло бидејќи има антиинфламаторно и антисептично дејство, а го чисти и респираторниот тракт и го зајакнува нашиот имунитет.

Наместо да ја посетите блиската аптека за да купите пастили или сируп за вашата упорна кашлица и болки во грлото, понекогаш е подобро да погледнете во оставата, чајната кујна и да подготвите многу едноставен и природен сируп кој ќе ви ги реши сите тегоби.

Ловоровите листови често се користат во кујната како додаток на јадењата, давајќи им посебна арома, а етеричното масло од ловор е одлично за вдишување и дезинфекција на просториите, особено за време на сезоната на грип.

За подготовка на сирупот потребни се само три состојки и тоа: ловорови листови, вода и шеќер.
Листовите на ова зимзелено растение се богати со различни минерали, витамин Б и се одличен избор за заштита на имунитетот поради нивното антисептично и антиинфламаторно дејство.
За подготовка на сирупот потребни се само три состојки и тоа: ловорови листови, вода и кафеав шеќер или мед.

Состојки за сирупот:
6 парчиња суви ловорови листови
1 лимон
3-4 лажици кафеав шеќер или мед

Подготовка:
1. Во сад сварете 2,5 dcl вода.
2. Додадете 6 сушени парчиња ловоров лист во водата и варете покриено 5 до 10 минути.

3. Извадете ги листовите и истурете ја течноста во друг сад.
4. Во сад измешајте шеќер и сок од еден лимон и сè убаво измешајте.
Забелешка:

Земете една кафена лажичка од сирупот до три пати на ден, особено при тешки напади на кашлање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *