Лекции наместо наредби: родителски трик што може да ве спаси од фрустрација

Кога би се запрашале која е целта на родителството, дали би избрале да ги воспитуваме децата да нѐ слушаат нас или да бидат успешни и независни? Иако едното не го исклучува другото, детето може да се стреми кон една од двете страни. Контролирањето од безбедно растојание ќе го доведе детето до повеќе простор за развој на независност, но на патот може да има повеќе ситуации во кои тоа се однесува непослушно.




Рамнотежата е клучот за успехот
Наместо децата да чувствуваат дека задача на нивните родители е да им кажат што да прават, тие треба да чувствуваат дека задача на нивните родители е да ги водат нивните одлуки затоа што ги сакаат.
Па, како можете да го користите овој пристап на родителство, во кој ги учите децата што е правилно и не им кажувате експлицитно што да прават?




Идентификувајте ги ситуациите во кои несаканото однесување се интензивира
Наместо да чекате да се појави лошо однесување, одредете каде најмногу го забележувате и почнете да развивате план за тоа како ќе реагирате и што треба да знаат вашите деца.




Разговарајте за тоа што очекувате од нив
Откако ќе ги знаете предизвикувачите, кажете им на децата каков ќе биде планот. „Деца, денес кога одиме во продавница, сакам да знаете дека не купуваме играчки. Ама ќе купиме некои работи од списокот што можете да ги користите. Ќе ви дозволам да ги изберете пастата за заби и шампонот. Но, нема да купуваме работи што не ни требаат. Ако плачете и почнете да имате изливи на гнев, ќе ги вратиме шампонот и пастата за заби што сте ги избрале.“




Бидете сигурни дека ги разбираат вашите очекувања
Кога ќе завршите со објаснувањето, замолете ги да размислат за тоа што сте ги прашале. Ако сè уште не ги разбираат вашите очекувања, тогаш објаснете им повторно.