Лесен и вкусен колач со јаболка – сочен, лапни-голтни

За сите љубители на есенскиот вкус на печени јаболка – убав и лесен колач. Најпрво се печат сечените парчиња јаболка кои го претставуваат едниот слој, а потоа се прелива со тестото за бисквитот и на крај се декорира со шлаг и ореви.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:




7 јаболка
3 супени лажици шеќер
20 г путер
4 јајца
100 г шеќер
100 мл масло
100 мл млеко




10 супени лажици брашно
1 кафена лажичка цимет
10 г прашок за печиво
200 мл слатка павлака
ореви за декорација




ПОСТАПКА:
Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги секоја на шест делови. Отстранете ги семките. Плех со димензии 25х30 см обложете го со хартија за печење, па започнете да ги редите парчињата јаболка едно до друго. Целото дно треба да биде покриено.