Лесен начин како да направите домашен зачинет путер со лук и магдонос

Состојки:
250 гр. путер
3 лажици ситно сечкан свеж магдонос




7-8 чешниња лук
1 лажичка лук во прав
сол




Путерот исечете го на мали коцки и ставете го во длабок сад. Оставете го да стои неколку минути на собна температура малку да омекне за да може да се пасира со вилушка.




Во меѓувреме излупете ги чешнињата лук и исечкајте ги многу ситно. Исечканиот лук, магдоносот и лукот во прав додадете ги во омекнатиот путер и малку посолете. Пасирајте со вилушка и мешајте додека се убаво се соедини. Доколку е потребно додадете уште сол.




Готовиот путер ставете го на најлонска фолија и завиткајте го во ролна за да го оформите или едноставно ставете го во сад за путер.