Лиснато тесто кое е повкусно од купеното а е готово за само 20 – тина минути

Лиснатото тесто можете да го направите сами, или да си ја скратите маката и да купите готово тесто кое ви овозможува да го наполните со солени и слатки филови.




Состојки:
1 пакетче лиснато тесто
100 грама бри сирење




50 грама џем од шумско овошје
растително масло за премачкување




Подготовка:
Лиснатото тесто развлечете го и исечете го на помали коцки или правоаголници. Во секое парче ставете по едно парче сирење и пола лажичка џем. Преклопете го тестото преку филот, притиснете ги рабовите со прстите или со вилушка и премачкајте го целото парче со растително масло.




Ставете го во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 15 до 20 минути или додека лиснатото тесто не добие златно жолта боја.