Македонска тава

Состојки
500 гр свински врат (свежо месо)
500 гр пилешки гради
250 гр свежи печурки шампињони
150 гр сушена сланина

100 гр мешан кашкавал
500 мл млака вода
150 мл павлака за готвење (неутрална)
1/4 од китка магдонос
2 лажици брашно
1 лажица мелен црвен пипер
1 лажица мешан сув зачин

2 ловорови листа
1 мало лажиче мелен бибер
1 лажица буковец
масло по потреба
Ако сакате вкусен, богат ручек кој изобилува со месо, повелете рецепт.

Месото го сечкаме на мали парчиња, едно парче-едно залче. Сланината ја сечкаме на коцки, а печурките на листови.
По го динстаме свинското месо, прелиено со вода. Откако ќе се свари, додаваме масло и го упржуваме. Го вадиме од тавата. Во истата тава го ставаме пилешкото месо и го упржуваме. Го вадиме од тавата. Ги ставаме печурките и сланината и нив ги пржиме, сланинката да ни поцрвени, а печурките да ни омекнат.

Сите испржени состојки ги ставаме во тава. Брашното го мешаме со малку вода, за да нема грутчиња. Го раствораме во млаката вода и заедно со павлаката го пеливаме месото. Ги додаваме зачините, промешуваме и ја покриваме тавата со капак.

Ја ставаме во загреана рерна на 250 степени. Кога ќе почне да врие месото, за некои 10-15 минути, го тргаме капакот и продолжуваме да го печеме на 200 степени, додека да ни се зацрвени месото и да ни се згусне сосот во кој што го печеме. Кога ќе биде испечено месото рендаме на крупно кашкавал врз него и го оставаме да се стопи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.