Мали триаголници од хељдини кори и фил од зелка, праз, суџук

Состојки
450гр хељдини кори
Кашичка за премачкување-
2 јајца
1лажиче сол




100мл кисела вода
100мл јогурт
50мл масло
1 пециво
фил




1кгр ситно сецкана зелка и расол
1 страк сецкан праз
2 сецкани везени лути пиперки
100гр ситно сецкан суџук
1лажица сало
50-80мл масло за пржење
сол и бибер




1. Прво во еден сад ги ставаме маслото и маста, па ја додаваме исцедената зелка. Пржиме околу 40 минути. Потоа го додаваме сецканиот праз, пиперките и пропржуваме. Зачинуваме по вкус па го додаваме суџукот.




2. Сега хељдините кори ги делиме на половина. Во моето пакување имаше 15 кори, значи добив 30 парчиња. Виткав триаголничиња и мали ролнички. Во ролничките некако ми собираше повеќе од филот. Изборот е ваш, може да се реди кора, фил, кора, фил….
Доколку не го користите овој фил, ако се стави сирење, јајца, пица фил, тиква , тогаш во кашичката за премачкување ставете 100 мл масло.




3. Во еден сад ги соединуваме состојките за филот, јајцата, солта, маслото, киселата вода , јогуртот, пецивото. Сега ја земаме првата половинка кора, со четка ја премачкуваме од кашичката, во средината ставаме 1 лажица од филот, преклопуваме од двете страни и виткаме ролничка како на сликата. Или ја земаме првата кора , со четка ја премачкуваме со кашичката, ја превиткуваме на половина по должина, на крајот ставаме фил и виткаме триаголниче. Така постапуваме со целиот мастраф. Со остатокот од кашичката ги премачкуваме по малку и одозгора. Ги попрскуваме со семиња по наш избор. Печеме околу 25 минути во загреана рерна.