Мачмало торта

Потребни состојки:

6 јајца
33 лажици шеќер
300 мл. масло за јадење
300 мл. млеко

300 гр. брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
1 чоколадо за готвење

Начин на подготовка
Јајцат се кршат и се делат жолчките од белките. Белките се ставаат во сад настрана, а жолчките се матат заедно со 15 лажици шеќер.

Во изматените жолчки се додава масло, млеко, брашно, какао и прашок за печиво. Се убаво внимателно се промешува и добиената смеса се става во намаснет и набрашнет плех за печење. Се пече во загреана рерна на 200°С.

Додка се пече пандишпанот, се матат белките со 18 лажици шеќер во цврст снег. Испечениот пандишпан се вади од рерна и врз него се нанесува снегот од белки, убаво се порамнува и се враќа во рерна да се пече уште 7- 10 минути односно додека снегот добие светло румена боја. Готовата торта на крајот се прелива со чоколадо кое е растопено со малку масло за јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *