Можат да бидат многу корисни – веќе нема да ги фрлате искористените ќесички чај

Лековитите својства на чајот се познати за сите нас, но многумина не знаат дека веќе искористените ќесички чај можат да се користат на многу различни начини.

Повторно користење на сварените и употребени ќесички чај не е никаква новост. Во древна Кина, чајот се палел во предвечеријата за да штити од непосакувани инсекти.

Нахранете ги цвеќињата – Искористените вреќички чај можат да бидат одлично органско ѓубриво за домашните билк, бидејќи чајот содржи многу хранливи состојки.

Исчистете ја куќата – Чајот може да отстрани маснотија и валканост по огледалата, подовите, дури и линолеумот. Откако сте си припремиле напиток, вреќичката повторно ставете ја во вода и направете си средство за чистење.

Освежете ја гардеробата и чевлите – Исушените вреќички чај ставете ги на тањир во ормарот, а тоа ќе придонесе вашата гардероба убаво да мириса. Ставете по една вреќичка во чевлите, бидејќи со тоа ќе ги отстраните непријатните миризби.
Oтстранете го црвенилото во очите – Натопете вреќичка чај во ладна вода и ставете ја на капаците. По неколку минути чајот ќе го отстрани црвенилото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *