Моли се, труди се и спасувај се во Господа – само Господ ќе не исцели

Научи се повеќе да молчиш, тогаш нема ниту да грешиш ниту да осудуваш.

Кога ќе престанеш да ропташ, ќе почнеш поусрдно да им служиш на болните, и ќе се избавиш од секоја своја телесна и душевна болест. Ако болеста не поминува дури и по твоето исправање, тоа значи дека ова ти се случува заради твоето трпение, за да ти биде даден вечниот венец во идниот живот.

Потрпи! Животот ќе помине како сон.

Светите отци советуваат посебно внимателно да се набљудува сопственото срце по причестувањето со Телото и Крвта Христови, зашто тогаш злобата на непријателот се умножува. Човекот кој што се причестил, од роб на ѓаволот станува наследник на Царството Небесно. Истата злоба од непријателот се појавува и кога човек ќе има духовно подобрување. Гледајќи ги ваквите демонски искушенија, ти не очајувај, туку трпи и бори се, зашто за таквата тешкотија ќе добиеш посебна награда.

Имај мир. Труди се, моли се и спасувај се во Господа. Секогаш моли Му се на Бога за оној, кому му завидуваш!

Преподобен Јосиф (Литовкин)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *