Мусака со ориз и тиквички

За овој вкусн, но и брз рецепт потребо ви е:
Состојки:
3 тиквички
250 г мелено месо
1 кромид
1 шолја ориз
1 лажиче сол
1 лажиче бибер
1 лажиче црвен пипер
масло по потреба

ЗА ПРЕЛИВАЊЕ:
4 лажици кечап
3 парчиња јајца
3 лажици брашно
1 шолја кисело млеко

Приготвување:
На масло, пропржете сечкан кромид и месо, па кога месото ќе добие убава боја, додајте рендани тиквички и зачинете по вкус.Извадете ја смесата од тавата, па додајте уште малку масло и измиениот ориз.

Оризот динстајте го притоа додавајќи вода додека се свари до пловина. Измешајте сè во плехот во кој ќе ја печете мусаката, а потоа израмнете ја површината и премачкајте со кечап. Изматете ги јајцата, измешајте ги со брашното и киселото млеко, па прелијте ја смесата врз мусаката и печете околу 40 минути, на 180 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *