Над 80 отсто од децата страдаат од анксиозност при спиење А ЕВЕ И ЗОШТО

Дури осум од десет деца што се во основно училиште доживуваат анксиозност пред спиење. Новото истражување покажува колку децата се загрижени и се плашат да заспијат. Експертите за спиење спровеле истражување, кое покажало дека речиси четвртина од децата се плашат од темнината, секое петто има кошмари, а исто толку се плашат да спијат сами.

Грижите за училиште погодуваат околу 14 отсто од децата, а на малите деца им се препорачува да спијат 10 часа навечер, но речиси половина спијат само седум-осум часа, додека се будат околу двапати, во просек, секоја вечер, пишува британски „Метро“.
Значи, јасно е дека со сонот не се борат само возрасните. Исто така, според истражувањата, постојат голем број причини за анксиозност кај децата што можат негативно да влијаат на нивниот сон.

Тоа вклучува претерано размислување, грижа, страв од темнината и грижа за одење на училиште. Немирите често се појавуваат пред спиење, кога денот ќе заврши и нема што да им го одвлекува вниманието. Не станува збор само за тоа колку спијат, туку и за квалитетот на нивниот сон. На децата им е потребна мешавина од сите видови сон за да се одморат добро – велат експертите што учествувале во истражувањето.

Експертката за спиење Натали Коста наведува дека е важно децата да имаат пријатна средина за спиење, да имаат посебна перница или ќебе или ламба што ја осветлува просторијата.

Детето треба да биде растоварено пред да заспие, а грижите ќе ги надмине со водење дневник и цртање.
Таа додава и дека е многу важно да го научите детето како да дише во стомакот, полека, длабоко да вдишува низ носот и полека да издишува низ устата. Според неа, тоа е неопходно за да се смират умот и телото пред ноќниот одмор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *