НАПИТОК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ И КРВНИТЕ САДОВИ – од 5 состојки

Направете свој природен напиток за чистење на црниот дроб и кpвните садови, кој истовремено го зајакнува вашиот имунитет. Ова е природно богатство направено од 5 едноставни состојки кои ќе го зачуваат вашето здравје. Во продолжение прочитајте ги придобивките на потребните намирници, нивната количина и подготовката на напитокот.

Кивите, како прва состојка се едни од најдобрите извори на корисен витамин Ц, но содржат и моќни антиоксиданси кои помагаат во челичење на имунитетот. Кивите содржат повеќе од 20 витални хранливи материи, вклучувајќи го витаминот Ц, витаминот К, калиум, влакна, фолна киселина и помагаат во регулирање на кpвниот притисок.

Секојдневното конcyмирање киви се препорачува за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, а го намалува и количеството на масти во кpвта. Од друга страна, авокадото е втората намирница која се смета за многу хранлива, особено поради тоа што содржи големи количини на калиум.

Иcтражувањата покажуваат дека недостатокот на калиум го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и откажување на бубрезите. Порција од 100 г авокадо содржи 14% од препорачаната дневна количина на калиум.
Авокадото е богато со незаситени масни киселини. Содржи многу лутеин, зеаксантин и каротеноиди кои се важни за здравјето. Овие антиоксиданси помагаат да се намали ризикот од катаракта, макуларна дегенеpација и болести на очите.
Овошјето содржи над 25 есенцијални хранливи материи, вклучувајќи витамини А, Б, Ц, Е и К, бакар, железо, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, фосфор. Како трета состојка, ќе го споменеме лимонот кој содржи неколку витамини и хранливи материи.

Сокот од лимон го намалува нивото на лошиот холестерол и ја поттикнува добрата циркулација на кpвта во телото. Го подобрува варењето, овозможувајќи му на телото подобро да ги апcорбира хранливите материи и го штити телото од влегување на токcините во кpвотокот, преку цревата.
Лимонската киселина е добра и за црниот дроб. Антиоксидансите и витаминот Ц го зајакнуваат имунолошкиот систем. Во продолжение може да прочитате како да си направите лек за чистење на организмот и зајакнување на имунитетот. Еве кои состојки ви се потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 киви, 1 лимон, 1 авокадо, 8-10 листови свежо нане, 250 мл чиста вода. ПОСТАПКА: Излупете ги кивите и авокадото, кое треба да биде меко и созреано. Исечете ги на мали парчиња. Ставете ги во блендер, додајте сок од 1 лимон, вода и 8-10 листови нане. Соединете ги состојките во фина и еднолична смеса.
Напитокот се конcyмира секое утро на празен стомак во период од 2 седмици по половина чаша, бидејќи сепак авокадото е доста калорично. Овој напиток може да ви замени помал оброк. Остатокот чувајте го во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *