Направете вкусно селско месо за денешниот ручек, еве еден традиционален рецепт за подобар ручек.

Селското месо се смета за традиционално јадење во Македонија. З
Состојки :




250 гр. мелено месо
1 јајце
1 лажица брашно




сол и бибер
250 гр. свинско месо од бут
250 гр. јунешки рамстек
250 гр. пилешки стек




350 гр. свежи печурки
малку лук
2-3 глави кромид
2 моркови
2 говедски коцки за путер и масло
Начин на подготовка:




Меленото месо измесете го со јајцето, брашното и зачините. Мешајте го убаво да се соедини, по потреба додајте малку масло и формирајте мали ќофтенца.
Свинското, говедското и пилешкото месо исецкајте ги на коцки со еднаква големина. Големината на парчињата месо треба да е еднаква на големината на ќофтенцата.




Стоун Леџенд тавата ставете ја на оган, додадете путер и масло. Кога ќе се загрее додадете го месото да се запржи колку да се затворат порите. Месото извадете го во сад на страна.
Во истата тава запржете го ситно исечканиот кромид и моркови. Додадете ги сецканите печурки и запржете ги. Додадете го месото и 1 литар говедски бујон.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 2 часа. Повремено промешајте, по потреба.