Направете природен препарат кој помага да се ослободите од подуеност и мрзливи црева

Кај некои луѓе кои природно или поради некои причини дошло до успорување на метаболизмот, обично имаат проблем со мрзливи црева, а поради тоа речиси секојпат доаѓа и до наптрупување на вишок килогpами.

Речиси и да непостои човек кај кој повремено не дошло до појава на силно и непријатно подување на стомакот, неугодност, чyвство на тежина и притисок во цревата. Но, таквата долготрајна состојба може да доведе до гpчеви и хемороиди.

Сето ова мора да се третира, а најдобро да се превенира со редовна хидратација и внес на диетални влакна, а доколку станува збор за хронична состојба, посетете лекар и нутриционист за најлесно и најбрзо решавање на проблемот. Следниот рецепт се покажал како многу ефикасен за тегоби

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
половина чаша млеко
2 супени лажици јаболкова киселина (најдобро домашен јаболков оцет)
2 супени лажици вода.
Пред употреба на овој напиток конcултирајте се со вашиот лекар.

Еве како се приготвува:
Помешајте две супени лажици јаболкова киселина со две супени лажици топла вода. Оваа мешавина додајте ја во половина чаша млеко, кратко промешајте и веднаш испијте ја течноста. Ова треба да се направи наутро, на празен стомак, пред било што друго да внесете во организмот. Се пие секое утро, сè додека имате потреба од него, односно додека целосно да ги испразните цревата и да се врати нивната мобилност.

Јаболковата киселина не само што може да помогне со проблеми како што се мрзливи црева, опстипација, хроничен запек и сл, туку ќе го подобри и вашиот метаболизам во целина, а ќе ви помогне и да ги намалите вишокот килогpами. Откако ќе го испиете овој напиток, еве што треба да направите. После половина час откако сте го испиле напитокот од млеко и јаболкова киселина, најдобро е да изедете мешавина од едно рендано јаболко помешано со еден рендан морков, а во текот на денот да испиете најмалку една чаша чај приготвена од мелено ленено семе (1 супена лажица прелиена со топла 250 мл вода, отстојана половина час или преку ноќ).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *