Највкусната излиена пита со месо која е готова за 15 минути.

Излиената пита со месо се подготвува од само 7 намирници и тоа многу едноставно.

За миг ќе добиете оброк со феноменален вкус бидејќи питата е сочна и мека како сунѓер. Може да се служи топла, иако некои ја сакаат и кога е ладна, со чаша јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки:
– 2 главици кромид
– 13 лажици брашно
– 300 гр. мелено месо
– 3 јајца
– 1 чаша јогурт (мерка е чаша од 200 мл.)
– 1 ќесичка прашок за печиво
– половина чаша масло
– сол, бибер, сув зачин по желба

Начин на подготовка:
Исчистете го кромидот, исечкајте го, па продинстајте го на малку масло. Додајте го меленото месо и продолжете да динстате додека месото не побели. Зачинете по желба и оставете го да се излади.

Во чинија скршете 3 јајца, додајте брашно, прашок за печиво, јогурт и масло, па додајте го месото и добро измешајте.

Подмачкајте ја тавата за печење со масло, посипете ја со брашно и истурете ја смесата во неа. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *