Највкусната сарма од свежа зелка со доматен сос направена на поинаков начин, на чиј вкус нема да можете да му одолеете

СОСТОЈКИ
1 голема свежа зелка
1 кг. мелено месо
1 мала главица кромид
100 гр. ориз
60 гр. рендан пармезан
4 лажици ситно сечкан свеж магдонос




100 мл. маслиново масло
500 мл. домати од конзерва
2 лажици паста од домати
1 лажица лут буковец
4 чешниња лук
сол
бибер




ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ




Во длабоко тенџере на оган ставете вода да провие. Во неа додадете 2 лажици сол а потоа внимателно ставете ја зелката. Оставете да се вари околу 10 минути. Извадете ја зелката и оставете ја да се излади па од неа излупете 12 листови. Одстранете го тврдиот дел во форма на триаголник.
Во тава на оган со загреано масло ставете претходно ситно исечкан кромид да се пржи на умерена температура. Потоа намалете ја температурата и оставете да се пржи додека омекне.




Половина од испржениот кромид ставете го во сад настрана, а во тавата со преостанатиот кромид додадете го меленото месо, кратко пропржете па додадете ги оризот, пармезанот и 2 лажици магдонос. Посолете и побиберете по вкус и добро измешајте. Добиената смеса поделете ја на 12 еднакви делови. Земете еден дел од смесата и ставете го на средината од листот па превиткајте ги двата подолги делови кон средината. Потоа превиткајте ги и страничните делови кон внатре и свиткајте ја сармата.




Повторете ја постапката со преостанатите листови па свитканите сарми наредете ги во тава за печење така што делот каде што завршува листот да биде врз дното на тавата. Во преостанатиот пржен кромид додадете конзервирани домати кои претходно малку сте ги згмечиле со раце, 250 мл. вода, паста од домати, ситно сечкан лук, сол и бибер. Добро промешајте па со добиениот сос прелијте ги сармите. Покријте ја сармата со алуминиумска фолија и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180°C околу 60 – 75 минути. Врз готовата сарма поросете свеж магдонос и послужете.