Највкусната спанаќ тава која некогаш сте ја вкусиле

Секогаш кога сме отсутни од дома ми фали нашата храна и сѐ уште свежи и вкусни намирници. За наша среќа уште немаме преголем број на пластично совршени зеленчук и овошје.

Деновиве додека да средам се 2-3 дена готвењето им беше препуштено на бабите. Откако се вратив во колосек си ги посетив тезгичките за зеленчук и овошје и кога видов спанаќ, во главата ми дојде детството поминато кај баба и нејзините највкусни оброци од нејзината бавча. Токму таков е и овој рецепт, но со мали измени.

Потребни состојки
800 гр. Спанаќ
2 Домати
1 Морков
1 Кромид
2 чешниња лук

300 гр. Ориз
1 лажичка Црвен пипер
1 лажичка коријандер
2 јајца
Павлака
Сол и бибер по желба

Начин на подготовка:
За почеток исчистете го спанаќот и убаво измијте го. Вклучете ја рерната на 200 степени и спремете си тавче, моето е округло 24 см. Во сад издинстајте ги кромидот и морковот на малку маслиново (најлесно е да ги изрендате), потоа додадете го спанаќот и варете 10тина мин. Во меѓувреме, доматите насечкајте ги на кругови. Додадете ги чешнињата лук ситно насечкани или изрендани. Мешајте уште 2 мин и додадете го оризот.

Додека оризот малку да се пропржи пригответе вода, овој пат нека биде 800 мл не 1/3. Истурете ја водата, додадете ги зачините и целата смеса истурете ја во тавчето за печење. Одозгора наредете ги доматите и печете 30 мин. Или додека не испари целата вода. Кога ќе се испече послужете со лажица павлака или кисело млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *